Достапни линкови

Враќањето на хашките случаи може да ги наруши меѓуетничките односи


Во Законот за соработката со Хашкиот трибунал кој вчера го усвои собранието не се наведени рокови во кои би завршила обуката за судии и јавни обвинители и предметите би почнале да се вракаат во Македонија - вели раководителот на секторот за евроинтеграции и мегународнао правна соработка во минситевството за првада Снежана Мојсова. Таа додава дека вракањето на четирите случаи воопшто и не зависи од државава. Важноста на законот пак како што објаснува Мојсова е во фактот што со него се изразува волјата за понатамошна соработка со трибуналот како во однос на предметите кој таа треба да ги прати во Хаг така и во однос на оние кои од таму треба да бидат предадени на решавање на македонското судство.

Во врска пак со дилемата дали проблемот во решавањето на четирите хашки случаи кои треба да се вратат може да биде немањето на политичка волја професорот по кривично право Ѓорѓе Маријановиќ вели дека не смее да се дозволи тоа да се случи

„Еден стар автор на времето рече дека кога политиката ќе влезе во судницата правдата бега преку прозорец. Тоа е најстрашна варојанта, тоа може да се случи, но дали ќе се случи, би било гатање.“

Професорот од Факултетот за Општесвтени Науки Осман Кадриу пак смета дека немањето на политичка воља се покажало и на вчерашното гласање во парламентот.

„Јасно произлегува дека нема политичка волја и дека тоа може да има пореметувања во меѓуетничките односи во нашата држава, затоа што ќе бидат сложени постапки со доста елементи, наворешни и внатрешни кои треба да се расветлуваат и ќе влеземе во лавиринти од кои не знам како ќе излеземе.“

Инаку на седницата пратениците од албанските партии гласа против законот поради тоа што беа отфрлени амндамните на ДУИ со кои се бараше 4 случаи од конфликтот во 2001 година односно затварањето на браната во Липково, малтретираните работници на градежно претпријатие Маврово, гробницата во Непроштенио и раководството на ОНА да бидат избришани од Законот.
XS
SM
MD
LG