Достапни линкови

Средби со чешкиот државен врв за ракетниот штит


Американскиот претседател Џорџ Буш денеска во Прага со чешките лидери ќе разговара за инсталирање на радарот како дел од анти ракетната одбрана во Чешка и Полска. Американската влада и НАТО во меѓувреме ја критикуваа изјавата на рускиот Претседател Владимир Путин дека ќе ги пренасочи руските ракети кон цели во Европа доколку штитот биде поставен. Претседателот Буш заедно со бившиот чешки претседател Вацлав Хавел ќе учествува и на прашката конференција Демократија и Безбедност.

Американскиот Претседател Џорџ Буш со чешките лидери Претседателот Вацлав Клаус, Премиерот Мирек Тополанек за инсталацијата на анти ракетната одбрана. Има посебен ручек со поранешниот Чешки Претседател Вацлав Хавел со кого учествува и на конференцијата Демократија и Безбедност посветена на извозот на демократијата. Вашингтон и НАТО во меѓувреме ја критикуваа изјавата на рускиот Претседател Владимир Путин дека ке ги пренасочи руските ракети кон цели во Европа доколку анти ракетниот штит биде поставен во Средна Европа.

„Тоа не помога, и секако изненадува.“

изјави портпаролот на Стејт Департментот Шон Мек Кормак, кој додаде дека соработката со цел штитот да биде поставен продолжува.

„Соединетите Држави и Европа и европските сојузници ке продолжат да работат заедно против ракетната закана која не доага од Русија туку од други држави како Иран и Северна Кореја. Пред се станува збор за лимитиран систем за заштита.“

Посетата на Џорџ Буш на Прага е проследена со протести поради планираното поставување на штитот. Околу 60 насто од чесите се противат на планот. Според политичкиот коментатор на Лидове Новини Франтишек Шулц, кој е и ко-автор на книга за ракетна одбрана противставувањето на базата на радарот е прашање на емоционална загриженост на чесите поврзано со странска доминација.

„Луѓето велат дека бевме слуги на русите повеќе од 40 години и по револуцијата мислевме дека работите се менуваат и дека станавме суверени на својата територија. И сега како да би требало да биде нешто како слуги на Соединетите Држави.“

За разлика од мнозинството, политичарите, според Шулц, се проамерикански и се залагаат за поставување на радараот. Американскиот Претседател Џорџ Буш за време на посетата се надева дека ке ја смени ваквата перцепција на обичните чесите. Покрај Чешка, и учесвото на самиитот на Ге 8 во Германија, американскиот претседател Џорџ Буш ке ги посети и Полска, Албанија, Бугарија и Италија.
XS
SM
MD
LG