Достапни линкови

Експертите посебно со забелешки во секторот економија


И покрај низата активности на владата во насока на сузбивање на корупцијата, откривање на случаите на злоупотреба на службената должност, предлагање на закон за судир на интереси, стручната јавност укажува дека треба да се продолжи со прецизирање на дискрециските права на функционерите.

„Не верувам дека законот за судир на интереси може да го ,,покрие,, оној простор на дискрециони овластувања, што се јави како проблематичен уште од тогаш, па до ден денес.“

изјави адвокатот Драган Малиновски кој беше и член на претходниот состав на Државната антикорупциска комисија кој додава дека тоа треба да се решава на два начина:

„Првото е нормативно, значи во секој законски и подзаконски акт треба да се внимава на што е можно повеќе редуцирање и објективиизирање на постапките, за носителите на тие дискрециони права да има што потесен простор на субјективизам, а второто е приод при практикувањето на овластувањата што ги имаат функионерите.“

Професор Ана Павловска данева од Правниот факултет во Скопје која беше во работната група за прецизирање на дискрециските права на министрите вели дека последната координација на експертите со владата била во јануари годинава. За тоа кои се областите каде најмногу се утврдени злоупотреби од страна на функционерите професорката вели:

„Имавме сериозни забелешки на законските акти кои што даваат големи дискрециони овластувања на министерот за земјоделство, транспорт и врски и министерот за економија.“

Таа посочува дека до тој период направени се промени во повеке закони со што се намалуваат правата на функционирете. Сепак Данева укажува дека активностите треба да продолжат, посебно во делот на овластувањата на министерот за економијата:

„Лоциравме големи дискрециони овластувања кај министерот за економија, како издавање на концесии, работикои што ги тангираат граѓаните, а и зад кои стојат големи суми, кога ќе се реализира да речеме едно решение за концесија, откупување на рудни богатства итн.“

Од владата пак информираат дека активностите за прецизирање на дискрециските права никогаш не престанале. Оттаму додаваат дека владиниот генерален секретаријат прави анализа на секој закон што се однесува на вакви прашања.
XS
SM
MD
LG