Достапни линкови

Москва: Претседателскиот мандат од четири години е краток, изјави Владимир Путин


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека претседателскиот мандат од четири години е многу краток и оти би било подобро да трае меѓу пет или седум години. ,,Четири годишниот мандат беше копија на американските правила,, изјави Путин во интервју за повеќе весници од земјите на Групата осум пред самитот во Германија во кое сепак изјави дека ограничувањето на бројот на мандатите е коректно. Путин го нарече глупаво барањето на Британија за израчување на рускиот агент Луговој кој е главен осомничен за убиството на Литвиненко.
XS
SM
MD
LG