Достапни линкови

Техеран: Али Лариџани го коментира американскиот антиракетен штит во Европа


Главниот ирански преговарач за нуклерната програма Али Лариџани го оцени како шега на годината американското објаснување дека антиракетниот штит во Чешка и Полска треба да ја брани Европа од Иран. ,,Дострелот на иранските проектили не може да достигне до Европа и изненадува што Вашингтон не го знае тоа,, изјави Лариџани, додавајќи дека Европа е најголемиот трговски партнер на Иран. ,,Нема логика да ја напаѓаме,, вели Лариџани.
XS
SM
MD
LG