Достапни линкови

Љупчо Стевковски, директор на агенцијата за аналитика во Агенцијата за разузнавање. Политичките елити сеуште ги гледаат разузнавачките служби како инструмент за меѓупартиски пресметки


Како ја оценувата моменталната состојба во разузнавачкиот сектор?

Прашањето е повеќе од актуелно, а состојбата даелку од идеална, но секако многу подобра отколку во минатото. Имено, сите проблеми започнаа во 1995 година, кога се извршија првите полициски реформи и кога од поранешната служба за државна безбедност беа формирани две посебни разузнавачки структури, едната којашто беше надлежна за внатрешната безбедност и разузнавањето и Агенцијата за разузнавање. Но, од самиот почеток и формирање Агенцијата за разузнавање се соочуваше со одредени пробелми. Беше формирано нејзиното формирање се до 1997 година, кога беше наименуван првиот Директор на агенцијата за разузнавање. Причините беа различни, може да се каже дека се работеше за суети на лица кои работеа во безбедносниот сектор тогаш, меѓутоа исто така може да стане збор и дека немаше политичка волја за нејзино формирање. Освен тоа, воената криза во 2001 година, ги затекна безбедносните структури неизградени. Тие функционираа сегментарно, заинтересирано главно за себе, отколку за вкупната национална безбедност, без координирање и содејство. Се случуваше, многу често, примарните корисници, претседателот и премиерот, министрите за одбрана, внатрешни и надворешни работи, да добиваат или располагаат со дијаметрално различни информации за одредени безбедносни настани или за слични проценки, но да ги добиваат во различен временски период.

Како да се надмине оваа состојба?

Состојбата може да се надмине многу лесно, но како што кажав треба да се надминат личните суети и да се има политичка волја за овој процес. Прв чекор беше позитивен во 2003 година, кога претседателот и премиерот, добивајќи проценка од безбедносните служби дека вака повеќе не може да одат работите, донесоа одлука којашто беше потпишана од двајцата државни раководители, со кои ги обврзаа трите служби да се обврзани меѓусебно да соработуваат. Обврската е еднаш неделно да мора да се сретнат и притоа од таа средба да изготват разузнавачки извештај кој треба да го достават до претседателот, премиерот, министерот за надворешни, внатрешни и одбрана. За сега, на овој начин е решен проблемот со координацијата, но морам да признаам дека единствен проблем не е координацијата.

Постои ли политичка волја, според вас, во моментов?

Лично, моја проценка е дека сеуште службите не можат да го надминат оној период на детски болести. Сеуште политичките елити ги гледаат службите како инструмент за користење во меѓупартиските пресметки, додека многу малку службите се користат за националната безбедност.

Во Македонија постојано се зборува за влијанија по линија север – југ. Присутност на бугарски структури, ги има ли?

Прашањето во последно време многу често се поставува, дури и од политичари, па и пратеници, кои покажуваат одреден интерес, или нешто што е поврзано со историјата на Република Македонија. Она што можам одговорно да го кажам во овој момент е дека Репулбика Македонија ќе биде предмет на интерес и истовремено ќе биде заложник на стратегиите на државите од нејзиното опкружување се до нејзиното целосно имплементитање во наднационалните евро атлантски стратегиски контексти.

Дали можеби некои од овие структури се поприсутни и со поголемо влијание?

Јас не би можел повеќе да кажам, мислам дека внатрешните служби имаат повеќе сознанија. Но, познавајќи ја технологијата на работа на разузнавачките служби, посебно на соседните земји тие се обидувале и понатаму ќе се обидуваат да вршат влијание на најразлични начини и преку поединици и преку одредени политички лица инволвирани во политичкиот живот на Македонија, преку економската илфитрација итн.

Ја споменавте евроатлантската интеграција на Македонија, дали тоа е можеби единствениот начин да се отргне влијанието на вакви структури?

Македонија во овој геостратешки контекст во кој се наоѓа, изборот и е премногу стеснет. Наши главни партнери се соработката со Соединетите држави и членството во НАТО и ЕУ. Засега ние неможеме да проценеме дека постои друг соодветен избор во кој Македонија би можела безбедно да се развива во перидот што следи.

Одвреме навреме се појавуваат инфромации за присуство на исламски радикали. Ги има ли и ако е така, колкава е опасноста по безбедноста на земјава и регионот?

Морам да кажам дека го информиравме во изминатиот период државното раководство со една квалификувана проценка, во која рековме дека врз основа на расположливите сознанија на Агенцијата за разузузнавање во овој момент ние не располагаме со сознанија за конкретен облик на закана, од позиции на терористичко делување насочено кон Макеоднија. Меѓутоа укажуваме дека латентна опасност од загрозување на безбедноста со изведување дури и на терористички акции како на нејзина територија, како и на нејзини добра во странство, постои заради тоа што Македонија активно се вклучи во глобалната коалиција за борба против тероризмот.

Значи дека има вакви структури, но засега не се опасност?

Не, тоа незначи дека има вакви структури. Јас одговорно можам да тврдам, а тоа е и заклучот на Југоисточната Конференција на разузнавачките служби дека засега не се установени ќелии или сктруктури на Ал Каеда во Југоисточна Европа.

Меѓутоа има потврди дека ги има во Босна и Херцеговина?

За Босна и Херцеговина постојат сознанија дека се инволвирани поединци кои што поразен основ како рецидиви останале после војната во Босна и колку што нам ни е познато безбедносните служби на БиХ многу будно ги следат овие состојби и во соработка со партнерските служби ги решаваат проблемите на овој план.

Каква е соработката со странските служби, посебно во овој период на решавање на косовскиот статус?

Таа соработка се одвива на две нивоа. Билатерална и мултирателарно ниво. На билатерален план таа соработка се одвива со преку 20 разузнавачки служби, а на мултирателарен план ние сме активна членка на разузнавачката Конференција на ЈИЕ додека сме набљудувачи во три работилници на Средноевропската разузнавачка Конференција. Агенцијата за разузнавање во изминативе 13 години воспостави партнерски односи со повеќе разузнавачки служби меѓу кои со ЦИА, па и еве вие ја споменавте и германската разузнавачка служба БМБ. Морам да кажам дека таа соработка се одвива на рамноправни односи и таа е задоволителна според сите оценки што Агенцијата за разузнавање ги изготвува до државното раководство.

Во овој чувствителен период, кога станува збор за Косово, вие имате помош од нив?

Видете, кога станува збор за партнерски односи со странски разузнавачки служби вие не можете да очекувате помош која што ќе биде еднострана. Значи се работи за еден рамноправен однос, во која размената на информации е секогаш двострана и напорите за стабилноста во регионот, што моментално е приоритет на Агенцијата за разузнавање се големи и на тој план ние активно придонесуваме меѓудругото и во соработката со овие две служби.
XS
SM
MD
LG