Достапни линкови

Сингапур: Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс со коментар за Турција и Сомалија


Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс на маргините на азиската коференција за безбедност во Сингапур апелираше до Турција да не прибегнува кон воена сила против курдските бунтовници во северниот дел на Ирак. Тој истакна дека Турција има причина за загриженост поради курдскиот тероризам, но додаде дека Соединетите Држави се спротивставуваат на еднострана акција од страна на Турција. Инаку Гејтс во Сингапур одби да ги коментира информациите дека американски сили извршиле напад на терористички цели во Сомалија, изјавувајќи дека најверојатно станува збор за ,,операција која е во тек,,. Според јавувањата на медиумите, американските сили извршиле напад на цели на Ал Каеда во Сомалија откако владините трупи се судриле со исламските милитанти.
XS
SM
MD
LG