Достапни линкови

Њујорк: Американските власти обвинија четири лица за планирање напади на аеродромот во Њујорк


Американските власти обвинија четири лица за поврзаност во подготвување на терористички напад на аеродромот во Њујорк ,,Џон Кенеди,,. Тројца од осомничените се уапсени, а четвртиот е во бегство. Еден од уапсените бил поранешен работник на аеродромот и поранешен член на парламентот на Гвајана, а останатите двајца уапсени биле од Тринидад. Како што се соопштува тие планирале да постават експлозив на системот за снабдување на аеродромот со гориво. Според американските претставници групата не е поврзана со Ал Каеда, но наводно барале подршка од радикална муслиманска група од Тринидад.
XS
SM
MD
LG