Достапни линкови

Политичките случувања се причина за недобивањето на повисок кредитен рејтинг


Агенцијата Стандард и Пурс деновиве на Македонија повторно и додели кредитен рејстинг ист како лани, односно ББ Плус со што и овој пат не влеговме во групата на земји со инвестиционен рејтинг. Во последнава година пак владата презема неколку економски мерки меѓу кои како важна за рејтингот од министертвот за финансии ја посочуваат регулаторната гилотина. Портпаролот Мартин Мартиновски вели дека политичките случувања се причина зошто Стандард и Пурс не ни додели повиок кредитен рејтинг:

„Ревидираниот кредитен рејтинг е базиран на информациите за стандарден курс од 24 до 26 април оваа година, и нивните главни забелешки во извештајот, зошто не и доделуваат повисок рејтинг на Македонија е политичката ситуација во државата односно отсуството на политичката партија ДУИ од македонското Собрание.“

Анализирајки ги пак економските фактори кои влијаат професорот од правниот факултет Ванчо Узунов вели:

„Најмногу влијае здрава макроекономска политика, стапка на раст, високи инвестиции или ако земјата веќе има договорено, тука исто така треба да има добра позиција на цената на резервите за да може да ги враќа тие свои долгови.“

Од друга страна додава Узунов токму рејтигон е еден од параметрите кој влијае врз одлуките на странките инвеститори да дојдат кај нас:

„Ако направиме една аналогија се зборува за здравствената состојба на еден човек врз основа на крвна слика и ако таа е добра знаете дека тој неможе да биде многу болен и понатаму истражувате што му е. Исто е и со кредитниот рејтинг, тој прашува има ли земјата кредитен рејтинг, има, кој е, тој е, и така се знае со каква земја има работа.“

За тоа пак каков впечаток се создава за инсветицина клима во државава врз основа на нашиот кредитен рејтинг ББ Плус, Узунов објаснува:

„За земја како Македонија кредитен рејтинг од ББ Плус е нешто што на странските инвеститори треба да им звучи нормално. Земјава е земја во развој, тука понатаму може да има можности, но и се потребни многу реформи. Или преведено, земјата се труди но, има уште долг пат да изоди.“

Инаку актуелната влада со цел привлекување на странски инвестиции преку платени огласи во странските весници ја спроведе и капмањата Македонија-нов бизнис рај во Европа. Но и од министервото за финасии признаваат дека за инвестиции е важен и кредитниот рејтинг:

„Наше очекување е дека останатите кредитни агенции кои што се ангажирани да го оценат кредитниот рејтинг, соодветно ќе го валоризираат напредокот на Македонија.“

вели портпаролот Мартин Мартиновски.
XS
SM
MD
LG