Достапни линкови

Берлин: Посета на српскиот претседател Борис Тадиќ


Српскиот претседател Борис Тадиќ денеска е во посета на Германија каде со канцеларката Ангела Меркел ќе разговара за европската интеграција на Србија и за косовското прашање. Агенциите јавуваат дека Тадиќ ќе се сретне и со германскиот министер за надворешни работи Френ Волтер Штајнмаер. Утре пак во Хелсинки средба на тадич со комесарот за проширување на Европската унија Унија Оли Рен. На средбата како што јавуваат агенциите Рен ке му ја претстави листата во која се наведени прецизни чекори кои треба да ги презме земјата со цел приближување до европските структури. Една од темите ке биде соработката на Србија со Хашкиот трибунал.
XS
SM
MD
LG