Достапни линкови

logo-print

Киев: Украинскиот парламент вчера не ги донесе законите за предвремени избори


Украинскиот парламент вчера не успеја да ги донесе потребните закони за одржување на предвремени избори во земјата. Во неделата, претседателот Јушченко и премиерот Јанукович се договорија предвремените избори да се одржат на 30-ти септември, за да се избегне заострувањето на политичката криза, но беше потребно Парламентот да ги донесе законите до вчера. Претседателот Јушченко денеска го продолжи рокот, па се очекува Парламентот да ја заседава и во наредниве денови.
XS
SM
MD
LG