Достапни линкови

logo-print

Тоа што е потпишано треба да се преточи во закон, вели Рафиз Алити потпретседател на ДУИ


Тоа што премиерот Никола Груевски и лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети го договорија очекуваме да се преточи во закон, реагира потпретседателот на ДУИ, Рафиз Алити откако вчера во јавноста двете страни излегоа со различни верзии околу договореното. На прашањето дали и како ќе се спроведе договорот кој двете страни различно го толкуваат, Алити одговара:

„Мислиме дека тоа што е потпишано треба да се преточи во закон. Тоа што се однесува на борците на ОНА, законот за јазикот тоа се делови од Рамковниот договор, а секако и следната точка формирање на влада со двојно мнозинство.“

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска не беа достапни за коментар. Премиерот Груевски пак вчера изјави дека бил постигнат само устен договор единствено за списокот бадентерови закони кои ќе се дефинираат со новиот собраниски деловник, промената во меѓуетничкиот комитет и законот за комитетот и им порача на ДУИ да не лажат:

„За ништо друго немаме постигнато согласност, јас го разбирам ДУИ дека можеби има проблем да им објасни некои свои чекори и обврски, но не е добро да ги лаже.“

Алити пак со порака до премиетот Груевски:

„Господинот Груевски не е добро да потпаѓа под влијанието на дневната политика или под влијание на заменик претседателот на ДПА. Нашиот договор сите треба да го гледаат како една голема шанса за да добиеме покана за членство во ЕУ и НАТО.“

Во потребата да го оправдаат своето работење пред електорат, политиколозите ја гледаат новонастанатата состојба и различните интерпретации на договорот од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

„Обидот е секој кај својот електорат да се наметне како успешна партија.“

Изјави политикологот Жидас Даскаловски.
Од Демократската Унија за интеграција и понатаму тврдат дека постоела согласност за пет точки на договорот. Оттаму велат дека била постигната согласност и за спорните точки околу законот за употреба на јазиците и законот за материјално и социјално згрижување на засегнатите во конфликтот од 2001 година.
XS
SM
MD
LG