Достапни линкови

Постарите лица помирни од помладите кога губат пари


Постарите лица реаагираат многу по мирно кога губат пари од помладите, се вели во студијата на Нејчр Неуро сајенс. Големата емоционална смиреност сепак не е нелимитиран благослов.

Грегори Ларкин психолог од Универзитетот Стенфорд со неговиот тим преку скенирање на мозоците на луѓето испитуваше индивидуалци од две старосни групи, едната од 19 до 27 и втората над 65 години. Двете групи покажаа еднакво ниво на возбуда кога добиваа пари. Но кога ќе дојдеше до загуба реакциите беа различни, вели Ларкин.

„Кога тие губеа пари, помладите имаа зголемана мозочна активност и личен стрес. Беа анксиозни и загрижени поради загубата. Од друга страна постарите лица не беа толку нервозни, загрижени или анксиозни. И немаа исти мозожни активности како помладите лица.“

Во секој случај, вели психологот Грегори Ларкин, и двете групи се вознемирени кога губат пари. Разликата е во стресот, и анксиозноста кои се помали кај постарите. Ларкин се сомневаше дека помалата нервоза кај постарите е поради тоа што тие веќе имале такви искуства во живот со добивање и губење пари.

„Тие не ги трошат нивните емоционални ресорси за нешто што не можат да го поправат или сменат.“

Од друга страна пак, според некои други студии, постарите луѓе почесто се жртви на финански загуби отколку младите и можеби со помалата нервоза, на крајот користа е измешана. Едно е сигурно, според студијата, сите се исто возбудени од добивките. Според некои претходни проучувања, старите не се посреќни од младите луѓе, туку само имаат помалку негативни емоции. Тие, постарите, помалку се плашат и не само во случајот на губење пари, туку и во целина за се во животот.
XS
SM
MD
LG