Достапни линкови

Загреб: Хрватската полиција уапси 16 лица осомничени за трговија со луѓе


Хрватската полиција уапси 16 лица осомничени за шверц со луѓе во операција изведена во соработка со неколку други држави, пренeсува МИА. Операцијата „Дунав“ била во соработка со полициите на Австрија, Босна, Македонија и Србија и се одвивала во источниот дел од државата и во главниот град, изјави за хрватски медиуми шефот на полицијата Анте Рајковац. Според него таа група од февруари, илегално транспортирала преку српско-хрватската граница 86 лица, граѓани на Турција, Албанија, Македонија и Србија.
XS
SM
MD
LG