Достапни линкови

Тие велат дека е доведена во прашање можноста да бидат дел од решението


Одредени претставници на косовските срби изјавуваат дека ја пропуштиле шансата да бидат директен чинител во процесот на одредување на идниот статус на Косово. Тие истакнуваат дека нема да бидат одговорни за решението за идниот косовски статус, бидејќи нивните ставови ги застапува Белград, меѓутоа предупредуваат дека е доведена во прашање можноста да бидат дел од решението.

Одредени претставници на србите од Косово сметаат дека генерално косовските срби ја пропуштиле шансата да имаат директна улога во процесот на решавањето на косовскиот статус, и затоа сега е неизвесно каква ќе биде нивната улога во донесувањето и спроведувањето на одлуката. Оливер Ивановиќ шеф на „Српската листа за Косово и Метохија“ вели:

„Косовските срби не се никаде, тие делегираат двајца свои претставници во Преговарачкиот тим на Белград и на тој начин го ,,симнаа,, од себе правото, но и одговорноста за идниот тек на разговорите околу косовскиот статус. Предлогот, и трета делегација да преговара, тогаш беше отфрлен и од албанците и од Белград, според тоа, тоа беше последна шанса за косовските срби активно да се вклучат и да бидат дел од решението, а потоа и дел од имплементацијата на тоа решение.“

Ставовите на косовските срби во преговорите ги застапува Белград, па затоа се поставува прашањето за нивното учество во целиот процес. Момчило Трајковиќ претседател на Срското движење за отпор истакнува:

„Мислам дека треба да седнеме и да се договориме. Знаете, јас сум еден од жестоките критичари на белградската политика затоа што ние, косовските срби не сме активен фактор во решавањето на оваа криза.“

Сега кога во Советот за безбедност на ОН се работи на нова резолуција за Косово, многумина сметаат дека на потег се големите сили односно дека следуваат дипломатски активности на релација ЕУ-Соединетите држави и Русија. Но, Небојша Јовиќ претседател на Српскиот национален совет на северна Митровица посочува дека не треба да се чекаат резултатите од преговорите на светските сили:

„Многу може да се стори и локално. Сметам дека се неопходни контакти, ТВ емисии, состаноци на српските и албанските политичари со што би се придонело за намалување на тензиите помеѓу овие два народа, бидејќи какво и да биде решението ќе живееме или едни со други или едни покрај други.“

забележува Јовиќ.
XS
SM
MD
LG