Достапни линкови

Брисел: Солана го поздрави договорот меѓу Груевски и Ахмети


Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија Хавиер Солана го поздрави договорот постигнат меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Го очекувам враќањето на ДУИ во Парламентот, местото каде што избраните претставници треба да ги промовираат своите погледи и да вложуваат напори да ги постигнат своите политички цели. Ова се важни чекори во вистински правец, оцени Солана, нагласувајќи ја важноста од продолжување на реформите потребни за влез во ЕУ.
XS
SM
MD
LG