Достапни линкови

logo-print

Како Македонија да продолжи по патот на евро интеграциите?


Разговорите мегу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ не ги загрозуваат позициите на ДПА во владата, вака аналитичарите ги коментираат случувањата во врска со дијалогот. Сепак тие потенцираат дека премиерот не смее да заборави дека во владата веке има партија од албанскиот блоки активностите мора да ги координира имајки го во предвид овој факт. Осман Кадриу професор на Факултетот за општествени науки смета дека разговорите со ДУИ се оправдани бидејки целта е нивно вракање во парламентот, тоа не значи исклучување на ДПА. Оттука нема просор за незадоволство кај албанската партија која е дел од Владата, вели Кадриу и додава

„Не би требало да се прифати дека исклучиво по нивните барања, без присуство на ДПА, премиерот зема обврска дека таквите прашања ќе ги реши, а да биде исклучена ДПА која е во власта. Значи, за клучните прашања мора да учествуваат Албанците, а ДПА е во власта.“

Аналитичарите сметаат дека премиерот Груевски не требало да се доведе во ситуација да биде мегу барањата на ДУИ и ДПА. Според професорот Ило Трајковски од Филозовскиот факултет во Скопје клучно прашање е како е доведен премиерот во оваа ситуација

„Факт е дека секогаш кога Република Македонија имала клучни одлуки за евро атлантските интеграции, секогаш се истопорувало прашањето со барањата на дел од Албанците во Македонија. Да не заборавиме, во 98 година, ДПА имаше послаб рејтинг отколку тогашната ПДП, па влезе во влада. Сега повторно имаше послаб рејтинг и влезе во владата.“

Претседателот Бранко Црвенковски смета дека премиерот мора да се соочи со ситуацијата. Груевски не знам од кои причини да го наруши воспоставениот формат лидерски средби кај претседателот на државата, вели Црвенковски и додава

„Значи тој ги одби во неколку наврати моите покани за одржување на такви средби, на почетокот од оваа криза. Потоа од масата за разговори, не знам од кои причини, беа отстранети СДСМ и ДПА. На тој начин тој можеби обидувајќи се да ја подигне својата улога, ја подигна и цената на господинот Ахмети. И затоа треба да се соочат со одговорноста и да го решат тоа.“
XS
SM
MD
LG