Достапни линкови

logo-print

Поскап бензин значи поскапи производи


Поскапувањето на бензините за 2,5 денари за литар и на дизелот за 2 денари ќе предизвика зголемување на цените на производите, а тоа директно ќе се одрзи врз буџетот на семејствата, предупредуваат економските експерти. Според професорот Изет Зекири од Штуловиот Универзитет последиците од поскапувањето на горивата директно ќе го почувствуваат граѓаните

„Тоа директно удира врз стандардот на граѓаните и економијата, затоа што влијае врз трошоците на производство и на услугите,“,

И стопанствениците се согласуваат дека поскапувањето на горивата ќе ги зголеми производствените трошоци, а директно ќе се одрази на дистрибуцијата на производите. Но дали ќе се зголемат нивните цени?

„Не би можеле да кажеме, затоа што не сме се одлучиле дали ние ќе го амортизираме ние, а тоа значи дека нема да има нови инвестиции и вработувања.“

вели Ристе Ристевски сопственик на фабрика за производство на кондиторски производи
Мислењата на граѓаните се поделени. Иако повеќето од нив регираат на високите цени на горивата, сепак признаваат дека тоа нема да го намали користењето на автомобилите.

„Нема помалку возење.“
„Нема толку да се одрази драстично, сите штедиме.“


Сепак сретнавме и такви на кои поскапувањето на горивата им го сменил вообичаениот тек на движење и ги натерало барем за кратко да ги остават сопствените возила дома.

„Треба да одам во болница, пешки одам.“
„Повеќе се исплати со такси да се оди, отколку со возило кога се тројца или четворица“


Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика е донесена поради зголемувањето на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите две седмици, која е повисока за 6.85 проценти, како и курсот на денарот кој е за 0, 58 проценти повисок во однос на доларот.
XS
SM
MD
LG