Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Буш се очекува да објави воведување еднострани санкции против Судан


Американскиот претседател Џорџ Буш во текот на денов, како што јавуваат агенциите, ќе соопшти дека Вашингтон воведува нови еднострани санкции против Судан поради конфликтот во Дарфур. Буш исто така ќе побара построги казни од страна на Обединетите нации, бидејќи Судан не презел акции за спречување на крвопролевањето во Дарфур. Во изминативе четири години таму загинаа над двесте илјади луѓе, додека повеќе од два и пол милиона се бегалци.
XS
SM
MD
LG