Достапни линкови

Западот ќе најде изговор да го змени премиерот на Република Српска Милорад Додик


Американската агенција за стратегиски анализи Стратфор во извештајот за состојбите во Босна и Херцеговина, по неуспешните разговори во минатата недела во Вашингтон, тврди дека западните земји го губат трпението поради непопустливите ставови на премиерот на Република Српска Милорад Додик. Оваа агенција додава дека Западот ќе најде изговор за да го смени од таа функција.

Политичката јавност во Босна и Херцеговина се согласува дека станува збор за најсериозно предупредување до премиерот на Република Српска и лидер на Сојузот на независни социјалдемократи Милорад Додиќ.

„Не ја исклучувам можноста некои американски кругови да станат нестрпливи поради тоа што некои нивни луѓе како Силајџиќ или Додик веќе не ги почитуваат нивните сугестии.“

Вели Момчило Новаковиќ, пратеник на Српската демократска партија во претставничкиот дом на државениот парламент. Со него се согласува и Азра Хаџиахметовиќ од партијата за Босна и Херцеговина:

„Тоа дека ќе уследат санкции за лидерите на политичките партии во Босна и Херцеговина останува и секако се гледа.“

Рајко Васиќ, функционер во партијата на Додик оценува дека се работи за некаков вид притисок, но оти тоа не е ништо драматично:

„Мислам дека тоа е вообичаен политички начин на работа во меѓународната заедница која секогаш се однесува според најмоќните во неа. Но проблемот на Босна и Херцеговина не е Додик, туку е потемелен, проблемот е генетски. Тој не се решава со пожарникарски мерки како што е соборување на еден лидер.“

Вели Васиќ. Политичкиот аналитичар Тања Топиќ пак, мисли дека смената на Додик, додоколку се случи, би можело да предизвика тешки последици во Босна и Херцеговина:

„Од една страна затоа што помина толку време, а ние повторно се демократизираме со користење на недмократски средства и методи. Јас мислам дека Додик има голема поддршка кај граѓаните што би можело да предизвика протести.“

Топиќ потсетува дека до премиерот на Република Српска Додик и кон крајот на минатата година пристигнувале опомени поради неговите постојани приказни за референдум за отцепување од Босна, но оти тогаш го спасил високиот претставник во Босна Кристијан Шварц Шилинг.
XS
SM
MD
LG