Достапни линкови

Врховниот суд нема да решава по управните спорови


Врховниот суд од денеска нема да постапува по управните спорови што се должи на стапувањето во сила на новиот закон за ваков вид на спорови.

Кога ке се продолжи со постапување по овие предмети не е познато. Од министерството за правда подготвени се измени и дополнувања на законот за управни спорови со кои се предвидува пролонгирање на рокот за стапување на сила на законот. Измените што се поднесени до Собранието треба да бидат усвоени во итна постапка, а за чие усвојување потребно е квалификувано мнозинство или 80 гласа.
Главната пречка за доцнењето во формирањето на Управниот суд е некоплметираниот состав на Судскиот совет кој треба да гласа за судиите во новиот Управен суд, сите други услови се исполнети, обезбедени се простории и финансии, информираат од министерството за правда.

Управните предмети се оние во кои се испитува законитоста на работењето на органите на управата од чие постапување се засеганите граганите, или во кои граганите можат да се пожалат на работата на овие институции кога сметаат дека им се загрозени одредени права, како добивање или недобивање државјанство, спорови што се однесуваат на остварување на услови за пензија, здравствено осигурување, вработувања и слично.

Досега околу четири илјади нерешени предмети пред Врховниот суд се токму од управната област. Се претпоставува дека пред новиот суд претстои многу работа

„Тој суд според законот има и друга надлежност и се претпоставува дека обемот на предмети ќе биде доста поголем. Пред тој суд е судската заштита на одлуките за ситните прекршоци кои ќе ги изрекуваат органите на управата. Понатаму, тука се концесиите, јавните набавки, изборните постапки, решенијата за разрешување и именување на функционери итн,“

изјави Дане Илев претседател на Врховниот суд.
Како од министерството за правда така и од Илев се надева дека наскоро ке има одлука бидејки ако не почне да функционира новиот Управен суд тие ке треба да продолжат со постапување по овие предмети

„Можам само да коментирам дека ние имаме потреба што побрзо да се донесе законот кој ќе овозможи работа на управниот суд затоа што Осбовниот суд ќе треба да продолжи да работи по управните спорови,“

вели Илиев.
XS
SM
MD
LG