Достапни линкови

Меѓу петте илјади професионални лобисти во Брисел акредитирани четворица од Хрватска


Меѓу петте илјади професионални лобисти во Европскиот парламент од неодамна се акредитирани и четворица од Хрватска. За жал, како што наведуваат тие, во Хрватска се уште не се сфаќа важноста на лобирањето за членство во Европската Унија, а самиот поим се поврзува со разни контроворези и со корупција.

На претставувањето на првата книга во Хрватска за лобирањето на авторот Игор Видачак, професор Дамир Грубиша со конкретен пример се обиде да покаже колку малку се знае за оваа нова професија:

„Доаѓајќи на ова претставување на книгата се сретнав на трамвајска станица со еден мој уважен познаник, академик. Кога му објаснив дека станува збор за лобирањето и каналите на влијание во европската Унија тој резигнирано ми одговори: Што нема уште да ни наметнат.“

Потребата од професионално лобирање кое може да се пробие таму каде што не можат службените дипломатски канали први ја сфатија во хрватската Стопанска комора.

„Две години работиме како хрватски лобисти во уредот за промовирање на стопанските интереси во Брисел. Ние сме на почеток. Кај нас тоа се прави со многу мал интензитет и со малку разбирање. Страхувам дека тоа ќе има лоши последици не само врз траењето на преговорите, туку и врз нашето снаоѓање во Унијата кога ќе станеме нејзин член.“

Вели Жељко Иванчевиќ, лобист во Европскиот парламент акредитиран од Фондот за промоција на економските интереси. Државната секретарка за европски интеграции Марија Пејчиновиќ Буриќ потврдува дека хрватската влада во иднина же мора повеќе да смета на професионалното лобирање од различни експерти:

„Таков вид на лобирање не постоеше, но се надзира и тргнива. Верувам дека кога Хрватска ќе влезе во Европската Унија ваквото лобирање ќе биде легитимен дел од мозаикот на активностите на државата. “

Натко Влаховиќ, еден од првите четворица службени хрватски лобисти во Европската Унија вели дека иако станува збор за пионерска работа, важно е што Хрватска тоа реши и да го прави:

„Мислам дека е многу важно да се препознае фактот оти службените канали на комуникација и оние дипломатските денес веќе не одговораат за процесот на решавање во Европската Унија.“

За авторот на конигата Игор Видачак пак, најбитно е да продолжи процесот на јакнење на хрватските капацитети за вакво ангажирање во Брисел.
XS
SM
MD
LG