Достапни линкови

logo-print

Брисел: ЕУ ја поздрави спогодбата што ја постигнаа Јанукович и Јушченко


Европската Унија ја поздрави спогодбата што вчера ја постигнаа украинските лидери за окончување на политичката криза, која можеше да прерасне во насилства. Шефот за надворешна политика Хавиер Солана оцени дека договорот меѓу претседателот Јушченко и премиерот Јанукович, за одржување предвремени избори во Украина на 30-ти септември, ќе и овозможи на земјата да ги продолжи реформите и да го продлабочи партнерството со Европската Унија.
XS
SM
MD
LG