Достапни линкови

Газа: Нови напади на палестинските милитанти врз израелска територија


Палестинските милитанти денеска извршиле ракетен напад врз изралескиот град Сдерот, при што едно лице загинало, а најмалку двајца се повредени. Ракетните напади доаѓаат откако синоќа израелската авијација бомбардираше цели на Хамас во Појасот Газа при што загинаа најмалку двајца милитанти. Израелскиот премиер Ехуд Олмерт денеска изјави дека Израел ќе продолжи со воздушните напади врз Хамас, додавајќи дека ,,никој од оние што се поврзани со тероризмот нема имунитет.“
XS
SM
MD
LG