Достапни линкови

logo-print

Киев: На 30-ти септември предвремени избори во Украина


Украинскиот претседател Виктор Јушченко соопшти дека заедно со неговиот политички ривал, премиерот Виктор Јануковиќ постигнале договор на 30-ти септември во земјата да бидат одржани предвремени парламентарни избори. Во присуство на премиерот Јануковиќ, претседателот Јушченко соопшти дека постигнатиот компромис околу изборите означува крај на политичката криза во земјата. Политичката криза во Украина започна откако претседателот Јушченко во април го распушти Парламентот, одлука која ја оспоруваше владината коалиција на чело со премиерот Јануковиќ.
XS
SM
MD
LG