Достапни линкови

Лекарската јавност поделена околу оправданоста на проектот


Министерството за здравство за првпат организираше испит за директори на јaвните здравствени устaнови се полaгаше компјутерски во Агенцијата за државни службеници. Сите оние што поминале ќе добијат уверение за положен испит за директор и ќе може да учествуваат на конкурсот за директори на јавните здравствени установи што треба да биде распишан во наредните недели:

„Се организираа три големи програми за менџмент на над 400 кандидати, од кои 250 беа доктори, а 150 беа економисти.“

Вели заменик министерот за здравство Владо Лазаревиќ. Триесетина лекари и економисти паднале на испитот за директори, а од вкупно 400 кандидати кои ги посетуваа курсевите за менаџмент, на испитот се пријавиле 300. Трисетината кои не успеале да одговорат 70 отсто од прашањата ќе се организира попрвен испит. Но, ова не е спорното прашање. Дел од лекарите сметаат дека идејата на министерството за менаџери во здравството претствува само губење време, односно дека приоритетно прашање е носење на национална стратегија:

„Мислам дека навистина е губење на енергија на луѓе кои што треба да бидат професионалци во својата професија, значи ако сакаме да правиме реформи во здравството потребна е национална реформа за здравство. Невозможно е за толку кратко време на некои предавања луѓе професионалци од една област, одеднаш да станат професионалци во две области.“

Спротивно од доктор Спасе Јовковски од Лекарската Комора идејата за полагање испити и полагање на курсот, ја објаснуваат лекарите кои учествувале на испитот за директори. Еден од нив е проф. др Михаил Груневски од Радиолошкиот иснтитут на Клиничкиот Центар во Скопје:

„Јас мислам дека тука има и малку суета, бидејќи според мене човек треба цел живот да учи. Ако идните менаџери се придржуваат до начинот на работа и мислам дека ќе помогне многу доколку се придржуваат до материјалите и содржината што ја научиле, доколку го поминале испитот.“

Клиниките треба да почне да функционираат со по двајца директори од јуни. Тие на функциите ќе се регрутираат преку конкурс. Обуката досега ја потпишаа околу 400 луѓе. Но тоа е првата група, во наредниот период ќе има доделување сертификати на други две групи што подразбира посетување на курсот за менаџери во здарвството, добивање сертификати, полагање испит и добивање лиценца за директор, најавуваат во минстерството:

„Вакво искуство какво што ние досега имаме спроведено, досега никаде не е направено и имаме барање од Светската Банка да оваа програма биде репер за организирање на слични програми во регионот, а и во други земји.“

вели Лазаревиќ.
XS
SM
MD
LG