Достапни линкови

Киев: Се заострува политичката криза


Во Украина се заоструваат политичките тензии откако претседателот Виктор Јушченко го разреши главниот обвинител Свјатослав Пискун, поради тоа што истовремено е и пратеник. Изутрината, единица на униформираната полиција, лојална на премиерот Виктор Јанукович ја зазеде зградата каде што е јавниот обинител, кој пак ја отфрли одлуката на претседателот за негова смена. Јушченко ги обвини полициските единици дека го кршат законот, а Јанукович изјави дека смената на обвинителот Пискун може да има катастрофални последици, но додаде дека неговата влада нема да дозволи анархија или граѓанска војна.
XS
SM
MD
LG