Достапни линкови

Нови компромиси околу Косово не се можни


Нови компромиси околу Косово не се можни. Интензивни разговори се водат веке 15 месеци и постигнавме толку компромиси колку што е можно, изјави за Радио Слободна Европа американскиот државен потсекретар Розмари ди Карло. Таа не верува дека продолжувањето на преговорите ек ги приближи двете страни и очекува усвојување на резолуцијата во тековниот мандат на Советот за Безбедност.

Розмари ди Карло изјави дека во Советот за безбедност постои доста широка подршка за планот на Марти Ахтисари.

„Прво дозволете ми да кажам дека наша намера е резолуцијата да се узвои во тековниот мандат на Советот за Безбедност и за планот на Ахтисари имаме широка подршка. Неодамнешната посета на делегацијата на Советот за Безбедност на Косово беше доста значајна. На многу членки им стана јасно дека статус кво ситуација веќе не може да се одржи и тоа е основа и на планот на Ахтисари и на заклучоците на пратеникот на Обединетите Нации Каи Еиде пред две години.“

Ди Карло наведува дека разговорите со Русија, која се противи на планот на Ахтисари, продожуваат при што Вашингтон се надева на договор.. Рускиот претседател Владимир Путин пак зборувајки синоќа на прес конференција во Виена по средбата со австрискиот претседател Хајнц Фишер во врска со Косово изјави.

„Нашата позиција е базирана врз принципите на меѓународното право и принципот за територијалниот интегритет и суверенитет и согласно претходните резолуции на Советот за Безбедност или да бидам попрецизен на резолуцијата 1244. Таа резолуција вели дека Косово е интегрален дел од Србија.“

Заменикот на помошникот на американскиот државен секретар Розмари ди Карло пак вели дека и Русија го дели мислењето оти е најважно да се постигне мир и стабилност со цел земјите од регионот да и се приклучат на Европа.

„И затоа сметаме дека сега е време Меѓународната заедница да дејствува.“

За улогата на Македонија и Албанија Ди Карло со одговор дека добрососедските односи во регионот се многу битни.

„Знам дека сите земји, соседи на Косово и Србија сакаа да го видат ова прашање затворено што поскоро и на начин што ќе ја зголеми безбедноста. Очигледно, ова за нив е тешко прашање, но ние знаеме дека тие го подржуваат планот на Марти Ахтисари.“
XS
SM
MD
LG