Достапни линкови

logo-print

Газа: Махмуд Абас го повика Хамас да запре со ракетните напади врз Израел


Палестинскиот претседател Махмуд Абас го повика Хамас веднаш да запре со ракетирањето на израелски територии. Абас соопшти дека се сретнал со лидерите на палестинските фракции и им наредил да ги сопрат нападите. Како што се соопштува палестинските лидери се согласиле да го разгледаат неговото барање и да му одговорат во рок од два дена. Инаку, шефот за надворешна и безбедноста политика на ЕУ Хавиер Солана е во посета на Блискиот Исток на средби со израелските и палестинските претставници.
XS
SM
MD
LG