Достапни линкови

logo-print

Анкара: Можна воена операција на турската армија против курдските бунтовници


Медиумите во Турција јавуваат дека премиерот Реџеп Таип Ердоган со армиски претставници ја разгледува можноста за спроведување воена операција против курдските бунтовници во Северен Ирак по завчерашниот самоубиствен напад во Анкара во кој загинаа шест лица, а над 100 беа повредени, јавија турските медиуми. Турските власти за нападот во Анкара ја обвинија Курдската работничка партија, но таа негираше поврзанот со нападот. Агенциите јавуваат дека денеска петмина турски војници загинале, а девет биле повредени при експлозија на мина во југоисточниот дел на Турција.
XS
SM
MD
LG