Достапни линкови

logo-print

Бејрут: Ќе ги искорениме исламските милитанти, изјави либанскиот премиер Фуад Синиора


Либанскиот премиер Фуад Синиора во обраќањето до нацијата изјави дека Владата нема да се повлече пред тероризмот и оти ќе ги ,,искорени,, исламските милитанти во земјата. Обраќањето на Синиора доаѓа по неколку дневните борби меѓу либанската армија и исламската група Фатах Ал Ислам, во палестинскиот бегалски камп Нахр Ал Балед на северот од Либан. Денеска либанската армија соопшти дека уништила еден брод, во кој се верува дека се наоѓале исламските милитанти кои се обидувале да го побегнат од бегалскиот камп.
XS
SM
MD
LG