Достапни линкови

logo-print

Забелешките од минатото остануваат


Во извештајот на Амнести Интернешнл за Македонија се констатира дека хашкиот трибунал не ги врати во земјава четирите случаи кои не ги процесуираше, парламентарните избори минатата година поминаа со насилство помегу албанските партии, полицијата ги крши човековите права и слично.

Во делот на непочитување на човековите права македонија повторно се повикува за случајот калед Ел Масри кој, како што се вели во извештајот властите во земјава незаконски го уапсија и држеа во притвор 23 дена пред да го предадат на американските власти кои го префрлија во Авганистан. Македонските власти одбиваа било каква вклученост и не отворија истрага за обвинувањата. Стручната јавност смета дека македонските надлежни институции направиле големи грешки во случајот Ел Масри

„Не станува збор за внимавање, станува збор за чудна тврдоглавост, којашто ја покажа и собраниската комисија на последната седница. Во Европа се дојде до сознание дека во случајот одделни полициски служби биле во директна служба на американските тајни служби. Додека другите земји смогнаа сили да се соочат со фактот дека одиграле валкана игра. Нашите сеуште инсистираат и одат до таму да го негираат тоа. Тоа не може да се сокрие, но цената на одлагањето на соочувањето со вистината на Република Македонија ќе биде многу повисока.“

изјави Исо Руси од Македонскиот хелсиншки комитет.

Извештајот се осврнува и на новиот закон за полиција усвоен минатата година. Забелешките се дека сепак со него не се успало да се воспостави механизам со кој полицијата внатре ке ги истражи евеентуалните злоупотреби. Притоа тука се спомнува и истрагата за насилставата сторени од страна на специјалните единици алфите.
Иво Котевски од МВР вели ние ги почитуваме правилата и постапуваме согласно со нив, посебно надлежниот сектор за внатрешна контрола

„Постои простор, секој што работи и греши и ако постојат грешки МВР е подготвено тие грешки да ги корегира.“

Извештајот Македонија се повикува и за случаите Вранишковски, за постоење на трговија со луге, насилство врз жените и слично.
XS
SM
MD
LG