Достапни линкови

Ватикан: Македонска делегација на чело со Љубиша Георгиевски во Ватикан


Македонската делегација која престојува во Италија и во Ватикан по повод манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, денеска ќе ја посети базиликата Свети Павле. Шефот на делегацијата, претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски потоа ќе се сретне со претседателот на Долниот дом на италијанскиот Парламент Фаусто Бертиноти, а во црквата Света Марија во Транспонтина, концерт ќе одржи камерниот мешан хор „Свети Климент Охридски“ од Скопје. Синоќа во Рим беше отворена изложбата „Македонски бронзи“ на Музејот на Македонија. Утре Георгиевски ќе биде примен од поглаварот на Римокатоличката црква папата Бенедикт Шеснаесети, а во црквата „Свети Климент“ во Рим ќе биде одржан молебен на гробот на Свети Кирил.
XS
SM
MD
LG