Достапни линкови

logo-print

Даглас Луте – „цар на војната“


Американскиот Претседател Џорџ Буш креираше ново работно место во Белата Куќа што треба да биде потврдено од Сенатот– координатор за воената политика во Ирак и Авганистан. Тој на ова место го постави генерал Даглас Луте, кој е нов шеф на операциите на Зедничкиот Штаб а него медиумите го нарекоа Цар на војната. Прашањето за аналитичарите е дали е ова вистинско работно место или обична козметика

Работата на генерал Даглас Луте е директно да го информира претседателот Џорџ Буш за потребите на американскаата армија и амбасадите во Ирак и Авганистан. Пред Луте да ја прифати позицијата во игра беа и други воени лица кои ја одбија работата. Сега во политичките кругови се прашуваат зошто е измислено ова место со оглед на тешката воена и дипломатска администрација и со оглед на улогата на Националниот Совет за Безбедност која е кординирање на нештата. Според пензионираниот полковник, воениот аналитичар Кенет Алард веке има многу луѓе кои ја вршат работата за која е ангажиран и Генерал Луте. Според Алард, на Буш му треба позитивно јавно лице кога воените работи одат лошо а креирањето на позицијата Воен цар е најдоброто нешто со кое се појавува во јавноста.

„Мислам дека постои причина зошто многу луѓе директно одвија. Многу од нив помислија дека станува збор за уште едно козметичко подобрување. Со сета почит ни недостигаат идеи.“

Аларад вели дека го познава Генерал Луте како способен воен офицер, но вели дека дури ни тој нема да може да ги подобри американските способности во Ирак и Авганистан. Џејмс Карфано од Херитаџ фондацијата се согласува со Алард, како и со мислењето дека работата на Генерал Луте не одговара со медумската титула Воен Цар.

„Јас не мислам дека оваа позиција има голема вредност. Прво, тој не е Цар. Тој термин е неприкладен. Тој не е надлежен за ништо.“

Мајкл О Ханион од Брукингс инсититуцијата пак не го дели нивното мислење во целост. Тој се согласува дека терминот Воен Цар не одговара на улогата на Генералот но дека сепак може многу да помогне во дадените бирократски услови.

„Јас не знам дали може Царот да поправи се во целина, но секако има смисла да се обиде. Со вака високо рангирана личност со директен пристап до Претседателот, бирократијата ќе почуствува притисок да одговори кога нешто се бара и јас мислам дека тоа ке даде резултат и дека идејата е добра.“
XS
SM
MD
LG