Достапни линкови

logo-print

Ерусалим: Израел при првата можност ќе го убие прогонетиот политички лидер на Хамас


Израелскиот министер за јавен ред Ави Дихтер изјави дека Израел, при првата можност ќе го убие прогонетиот политички лидер на Хамас Калед Мешал. Според Дихтер, Мешал, кој живее во Сирија е легитимна цел, а тој преживеа атентат од Израел во 1997 во Аман. Во меѓувреме, 8 лица загинаа во израелските напади врз куќата на лидерот на милитантите на Хамас Калил ал Хаиа. Тој не бил дома за време на нападот. Израел ги интензивира нападите возвраќајки на ракетирањето од Газа.
XS
SM
MD
LG