Достапни линкови

logo-print

Самсун: Повеќе илјади граѓани протестираа против власта


Повеќе илјади граѓани се собраа денеска во турскиот град Самсун на брегот на Црното Море во рамки на демонстрациите против происламистички ориентираната влада. Слични протести во текот на овој и минатиот месец беа одржани во Анкара, Истанбул и Измир. На 22 јуни во Турција ќе се одржат вонредни парламентарни избори како обид за излез од политичката криза која настана околу изборот на претседател на земјата, меѓу владеачката Партија на правдата и развојот на премиерот Таип Реџеп Ердоган и секуларната опозицијата.
XS
SM
MD
LG