Достапни линкови

Гардез: 10 лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во Авганистан


Десет лица загинаа, а повеќе од 40-тина се повредени во самоубиствен бомбашки напад во авганистанскиот град Гардез. Бомбашот го активирал експлозивот кој го носел на себе, на еден пазар во градот, соопштија авганистански претставници. Ова е втор самоубиствен напад во Авганистан во последните 24 часа. Тројца германски војници и неколку авганистанци загинаа во вчерашниот бомбашки напад во градот Кундуз.
XS
SM
MD
LG