Достапни линкови

Париз: Косово нема да прогласи независност без САД и ЕУ, вели Агим Чеку


Доколку Русија стави вето во Советот за безбедност на Обединетите Нации, Косово нема да прогласи независност без согласност на Соединетите држави, Европската унија и генералниот секретар на ОН, изјави косовскиот премиер Агим Чеку во интервјуто за францускиот весник „Журнал д Диманш“. Чеку во интервјуто за весникот истакна дека се е подготвено за брзо изгласување на Резолуцијата подготвена во Советот за безбедност од Европската Унија и Соединетите држави, како и за прогласување на независноста на Косово во текот на јуни.
XS
SM
MD
LG