Достапни линкови

logo-print

Пренагласена улогата на централната банка и гувернерот


Иако централната банка е над сите други, пренагласена е улогата што нејзе и на гувернерот им се дава во предложениот закон за банки, оценува стручната јавност. Меѓу другото, законот предвидува Народната банка да одлучува кој се може да биде акционер, а во одредени случаи да располага со капиталот на банките. По првичните реакции од опозицијата дека тоа ќе ја намли конкурентноста во банкарскиот сектор и економистите со став дека неограничената контрола на централната банка, негативно ќе се одрази на овој сектор.

„Централната банка мора да има право на контрола. Но, освен ако тоа делува на висината на профитот, вредноста на акциите во приватните комерцијални банки. Централната банка не смее да се занимава со монетарен менаџмент, тоа секаде е забрането,“

Објаснува економскиот аналитичар Тихомир Јовановски.

И за професорот Зоран Ивановски од Европскиот Универзитет во Скопје, работењето на овој сектор мора да биде строго регулирано. Економиите кои се стремат кон развој не треба да дозволат да гувернерот на централната банка да биде изложен на политички влијанија, посочува проф. Зоран Ивановски од Европскиот Универзитет во Скопје.

„Економии кои претендираат кон развој мора да имаат добро поставен, пазарен финансиски систем. Почнувајќи од централната банка, која треба да е целосно деполитизирана со човек од струка, па се до пазарното функционирање на банкарскиот систем.“

За економските експерти, укинувањето на тековните сметки со чекови
и инсистирањето на употреба на платежните картички, што се предлага со законот, не е добро решение.

„Чековите беа силен генератор на продажбата, односно на побарувачката, сегмент кој му недостасува на македонското стопанство. Укинувањето на чековите, кога имаме слаба побарувачка, може да значи чекор назад во побарувачката.“
„Чекот е најсигурно средство на плаќање. Картичките ќе не доведат до висок степен на задолженост на населението и тогаш банките ќе мораат по пат на продажба на имот да ги надмируваат своите побарувања, “


велат Ивановски и Јовановски

Со новиот закон се предвидува зајакнување и унапредување на акционерската структура на банките и ќе се овозможи супервизија на Народната банка врз работењето на банките. Со него се овозможува и отворање на филијали на познати странски банки во земјава.
XS
SM
MD
LG