Достапни линкови

logo-print

Авганистан: Тројца германски војници и четворица цивили загинале во самоубиствен напад


Тројца германски војници и четворица цивили загинале денеска во самоубиствен напад во Авганистан, јавија агенциите. Се прецизира дека бомбашот самоубиец го активирал експлозивот во моментот кога една воена патрола минувала низ центарот на градот Кундуз. Претходно, американските сили соопштија дека во акција спроведена во источниот дел на Авганистан убиле седумдесет талибанци.
XS
SM
MD
LG