Достапни линкови

Засилена соработка во борбата против дрогата


Вчера во две одделни акции на романските и бугарските гранични служби беа отркиени вкупно 150 килограми хероин. Ваквите вести од Балканот во последниов период се се почести.Најкрупна заплена пак останува божикната на македонската полиција кога на граничниот премин Блаце беше откриен половина тон кокаин. Портпаралот на Министервото за внатрешни работи Иво Котевски вели дека зголемниот интензитет во откривање на шверцот со дрога во регионот трае речиси шест месеци

„Дел се должат на подобрената координација на полициските служби во регионот, како и на определбата на што е можно поефикасно сузбивање на недозволената трговија и шверц со луѓе и наркотици.“

Што се однесува конкретно до Македонија додава Котевски од голема помош е и соработката со американката агнеција за откривање на нелегална трговија со наркотици ДЕА но важна улога игра и засилена контрола која ја спроведува МВР

„И во однос на бројот на персонаот и во однос на спроведените контроли со помош на кучиња и инспектори. Исто така е значително засилена контролата од аспект на техничката опременост на царинските и полициските служби.“

Анализирајки ја оваа засилена активност на домашните служби долгогодишниот полициски работник кој сега предава разузнавање на Факултетот за општествени науки Стефан Буџаковски вели дека на државава ке и биде тешко да спроведува вакви акции на подолг рок

„Во однос на професионализација и финансиски дел сме слаби. Тоа бара големи материјални и технички средства и не знам колку можеме да издржиме,“

вели Буџаковски и додава дека балканскиот пат на дрогата станува по интензивен поради вмешаноста на криминалните структури од регионов во светските нарко канали.
XS
SM
MD
LG