Достапни линкови

logo-print

Дијалог за руско-европските односи


Енергетската политика, руската забрана за увоз на месо од Полска и идниот статус на Косово се само најголемите во листата на несогласувања меѓу Европската Унија и Русија на самитот кој се одржува во Самара. И покрај внимателниот оптимизам кај лидерите на двете страни се претпоставува дека е тешко оти овие прашања ке бидат разрешени.

Рускиот Претседател Владимир Путин, Германскиот Канцелар Ангела Меркел и Претседателот на Европската Комисија Хосе Мануел Баросо денеска го продолжуваат Европско – рускиот самит во Самара.

„Нашата денешна средба овозможува продолжување на дијалогот за стратегиските прашања од руско – европските односи. Ние чувствуваме потреба за координирани напори во борбата против глобалните закани и предизвици, како и зголемениот потенцијал за конфликти не само на нашиот континет туку во целиот свет.“

изјави Рускиот претседател Владимир Путин. Меркел и Баросо кои синоќа со Путин имаа работна вечера и крстосување по Волга изјавија дека не очекуваат големи чекори на самитот.

„Нашата долгорочна цел е јасна – да изградиме подобра иднина за нашите луѓе преку подлабока економска интеграција, поблиска соработка а исто така и за глобалните предизвици, како енергијата, како климатската заштита. И овие цели се акцентирани со нашата посветеност за заедничките вредности како демократијата, човековите права и владеењето на правото.“

Агендата во Самара, во секој случај, наликува на долга листа од несогласувања. Најголеми проблеми во односите меѓу Унијата и Русија се енергетската политика, руската забрана за увоз на месо од Полска и идниот статус на Косово. И да нема нова спогодба, актуелниот договор за Стратегиско партнерство автоматски ќе биде продолжен доколку некоја од страните не се реши да го отповика, но немањето разговори ке беше симболичен пораз на за двете страни. Според најавите, ниту Русија ниту Европската Унија имаат интерес или намера да го отповикаат договорот за Стратегиско партнерство. На маргините на самитот градските власти во Самара дозволија да се одржи протест на опозицијата која вели дека сака да го разоткрие, како што велат, авторитарниот тренд на Претседателот Путин.

„Органите на законот, ако некој така може да ги нарече презедоа реперсивни мерки против организаторите на маршот.“

изјави опозициониот лидер шаховската легенда Гари Каспаров кого полицијата го спречи да полета од Москва кон Самара.
XS
SM
MD
LG