Достапни линкови

Притисок врз Македонија поради актуелната ситуација на Балканот


По последната изјава на грчкиот претседател на Грција Карлос Папуљас дека позицијата на раководството во Скопје во врска со името со сигурност ќе има влијание врз развојот на односите на земјата со Европската Унија и НАТО, реакции на стручната јавност во земјава која смета дека проблемот со јужниот сосед за уставното име не може да биде пречка за евроатлантската интеграција на Македонија.

„Јас воопшто не се плашам дека тие би можеле да стават вето, бидејќи според договорот тие не може тоа да го направат,“

изјави Андреј Жерновски член на собраниската комисија за европски прашања. Македонскиот државен врв останува на својот став проблемот со името е билатерален спор. Стручната јавност оценува дека вакви изјави од Грција може да се слушнат од различни причини

„Грците сакаат да ја искористат политичката ситуација, посебно врзана за членството на Република Македонија во НАТО, така што сакаат ова да го користат за вршење притисок. Мислам дека Грција воопшто нема интерес да попречува интеграција на Македонија во ЕУ и НАТO“

изјави аналитичарот Мерсел Билјали.

Сепак останува мо атлантски пат, бидејки Грција го има правото на вето. жноста спорот со име да биде пречка на македонскиот евро

„Во случај да има вето, Македонија има право да го напушти процесот, па така проблемот би се решавал во Советот за безбедност, а резултатот би бил неповолен за нив,“

вели Жерновски

Аналитичарите укажуваат дека многу често во ист период соседите ги актуелизираат отворените прашања со Македонија

„За многу работи постои координација особено по оските што ги имаат север и југ и исток и запад. Некогаш се случува и стонастотно совпаѓање,“

изјави аналитичарот Ило Трајковски професор на Филозовскиот факултет во Скопје.
XS
SM
MD
LG