Достапни линкови

Говорот на Коштуница за последици по земјите кои ќе го признаат Косово е само континуитет


По вчерашниот избор на новата српска влада во земјава коментари дека ќе се соработува со секоја демократски избрана влада. Во контекст на реториката на премиерот Воислав Коштуница кој и во своето експозе повтори дека ќе има сериозни последици во односте со земјите што ќе го признаат Косово, или како што велеше и претходно дека секое унилатерално признавање ќе се третира како непријателски чин, од македонскиот државен велат дека нема да има сериозни последици. Она што може да го направи Србија во случај на унилатерално признавање на Косово пред се од земјите во регионот е да ги редуцира дипломатските односи со нив, но сето тоа би било на краток рок при што објаснуваат на што се должи таа констатација. Претставниците на македонскиот државен врв сметаат дека најверојатно ако не се постигне договор во Обединетите нации за покраината, меѓународната заедница или повеќето земји членки на Европската унија и НАТО ќе го признааат унилатерално. Или се претпоставува дека од 27 земји од Европската унија кон признавање на Косово ќе пристапат дваесеттина. Во вакви услови кога нема да има израезена посделеност, и во услови кога во Србија премиерот Коштуница не е единствен чинител на надворешната политика, туку се вклучени и претседателот Борис тадич, министерот за надворешни работи Вук Јеремиќ кој е од Демократската партија и не користат реторика како онаа на првиот човек на Владата кој е од Демократската партија на Србија, која важи за порадикална во своите ставови, не се можни поголеми проблеми. Од владата велат ќе соработуваме со српската влада која е избрана на демократски начин:

„Ние единствено можеме да ја поздравиме одлуката дека Србија има влада со полн и демократски капацитет и се надеваме дека и натаму односите меѓу двете држави ќе продолжат да се одвиваат по нагорна линија.“

Изјави владиниот портпарол Ивица Боцевски.
Аналитичарите сметаат дека тоа нема да има сериозни последици врз Македонија. Говорот на Коштуница не изненадува со оглед на тоа што е само говор на континуитет:

„Тоа е едно воено-подбуцнувачки говор, кога би претерувале и говор на закани, нешто за што кога Белград говори, освен во времето на Џинџиќ, ние сме се навикнале. Српските власти од времето на Милошевиќ тие неговорат никако поинаку освен со воен речник и речник на закани, со речник кој што предвидува и просто се легитимира како место од каде ќе се произведуваат проблеми.“

Вели Ѓунер Исмаил од Форум центарот за стратегиски истражувања. Тој додава дека во оваа ситуација Македонија треба да води самостојна надворешна политика и да го јакне капацитетот на институциите на државата.
XS
SM
MD
LG