Достапни линкови

Поголеми приходи во буџетот од зголеманата наплата на даноците


Во првите четири месеци од годинава во државната каса се инкасирале речиси 19 милијарди денари по основ на даноци информираат од управата за јавни приходи

„Овој износ во споредба со наплатеното во истиот период во 2006 година е за 17,7 насто повисок.“

Вели портпаролот Весна Новаковик

Во наплатата на оваа сума пак како што објаснува таа со најголем дел од 51 процент учествува Канцеларијата за големи даночни обрзници, 35 насто отпгаат на Скопје, а останатиот дел од вкупната наплата односно 14 проценти го сочинуваат регионалните центри во Битола, Прилеп, Струмица, Тетово и Штип.
Кометирајки ја зголемената наплата професорот од Правниот факултет Ванчо Узунов вели дека владата треба да биде задоволна но не треба да смета дека тоа е најдобриот резултат туку неопходно е да продолжи со работа и со акциите на засилени конторли кои ги презема

„Ова зголемување на степенот на наплата, би го толкувал не како свест на граѓаните, туку како страв. Тоа мора да продолжи и понатаму, затоа што ние сме такво подрачје, кај нас е национален спорт како да ја зезнеш државата, а не да дадеш и затоа тоа мора да продолжи.“

Инаку според анализите на Управата за јавни приходи контролите кои ги спроведуваат придонеле за зголемување на реалното искажување на готовинскиот промет, односно издавање на фискалните сметки што всушнот и директно влијалео на зголемување на наплатата на даноците.
Но според професорот Узунов сепак наплатата не треба да се базира само на стравот кај граганите туку неопходно е како што вели да се зголеми и свеста за подмирување на обрвските кон државата

„Треба да се работи и на зголемување на свеста, затоа што акциите се поефикасни, не се трошат толку пари, а се собираат повеќе пари и може да се намалат даноците, затоа што ќе се собира иста пара од поголема популација.“
XS
SM
MD
LG