Достапни линкови

Газа: Убиени петмина телохранители на водач на Фатах


Припадници на милитантното крило на Хамас изутрината упаднале во куќа на висок претставник на ривалскиот Фатах, во Појасот Газа, при што убиле 5-мина негови телохранители. Според палестински безбедносни извори, претходно биле истрелани и ракети во близина на канцелариите на претседателот Махмуд Абас, но немало повредени. Вчера во Газа во престрелките меѓу припадниците на Хамас и Фатах загинаа 15 лица.
XS
SM
MD
LG