Достапни линкови

Статусот на Косово не е знак за узбина ниту закана кон Србите


Премиерот на Косово Агим Чеку изјави дека решавањето на статусот на Косово не претставува знак за узбуна, ните пак тоа е закана насочена кон Србите. Според него решавањето на косовскиот статус е ветување за подобра иднина и враќање на оние кои го напуштија Косово.

Косовскиот премиер Агим Чеку на средбата со младите срби од Приштина и околината изјави дека тој и неговата влада се залагаат преку решавањето на статусот на Косово да бидат решени сите дилеми:

„Со решавањето на статусот се решаваат сите дилеми кои сега ги имате во глава. Враќањето ќе биде можно, многу побргу. Луѓето ќе знаат на што се, каде се враќаат. Ќе се знае што им гарантира предлогот на Ахтисари, што им гаранитра меѓународната заедница, владата и институциите на Косово.“

Одговарајќи за стравувањата на србите дека после решавањето на косовскиот статус се можни немири, Чеку истакнува дека до тоа нема да дојде:

„Прво нема причини да има немири и тоа не е ничиј интерес. Што и да се случи на Косово, ништо лошо нема да им се случи на србите. Нема ниту една причини косовските срби да бидат цел на било каков напад или насилство. Доколку независноста не биде остварена во очекуваниот рок, зошто затоа би биле виновни Србите?“

истакна Чеку кој на прашањето како ќе им ја гарантира безбедноста на србите изјавува:

„Јас гарантирам дека нема да има насилства, ние ја научивме лекцијата, а тука се и НАТО и КФОР како и косовската полициска служба која е мултиетничка и сигурен сум дека тие се одлучни во тоа да им ја гарантираат безбедноста на сите граѓани.“

Но, наспроти безбедносните гаранции, косовскиот премиер е свесен дека економските гаранции претставуваат проблем што треба да се решава. Тој вели дека незапосленоста е најголем проблем за сите граѓани на Косово, но признава дека србите се во посебно тешка ситуација и оти српската заедница има потреба од најголема помош. Косовскиот премиер вели дека токму затоа приоритет треба да биде помошта што треба да им се пружи на србите.

„Ништо лошо нема да им се случи на косовските срби кога Косово ќе стане независно. Денес косовските срби незанаат во која држава живеат, која е нивната влада и премиер, од кого примаат плата, кои таблици да ги стават на својот автомобил, која лична карта да ја носат сосебе... Се се` тоа нејаснотии и мислам дека сите треба да се радуваме на тоа дека конечно доаѓа време за решавање на овие нејаснотии.“
XS
SM
MD
LG