Достапни линкови

logo-print

Москва: Кондолиза Рајс во дводневна посета на Русија


Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска пристигнува во дводневна посета на Русија. Покрај разговорите со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, се очекува Кондолиза Рајс да биде примена и од претседателот Владимир Путин. До нејзината посета на Москва доаѓа во период на затегнување на односите меѓу двете земји. Имено, Русија се противи на американскиот план за стационирање ракетен одбранбен штит во Полска и Чешка, како и на планот на Ахтисари за идниот статус на Косово.
XS
SM
MD
LG