Достапни линкови

Белград: Продолжува Конститутивната седница на српскиот Парламент


Денеска во Собранието на Србија ќе продолжи расправата за разрешување на претседателот на Собранието Томислав Николиќ. Пратениците во рамки на Конститутивната седница, треба да изберат нов претседател на Собранието, да ги усвојат законите за структурата на новата српска влада како и да ја изберат новата Влада. Претседателот на Србија Борис Тадиќ во петокот до Собранието го предложи лидерот на Демократската партија на Србија и досегашен премиер Воислав Коштуница за мандатар на новата Влада.
XS
SM
MD
LG