Достапни линкови

Кабул: Убиен талибанскиот лидер Мула Дадулах, велат авганистанските власти


Еден од водечките талибански воени лидери Мула Дадулах е убиен во јужниот дел на Авганистан, соопштија авганистанските безбедносни претставници. Како што се соопштува Дадулах бил убиен за време на борбите на авганистанските и НАТО силите со милитантите во провинцијата Хелманд и неговото тело се наоѓа во Кандахар. НАТО сеуште не ја потврди оваа вест, а според јавувањата на дел од агенциите и претставници на талибанците ја отфрлиле информацијата.
XS
SM
MD
LG